Рускиот бизнисмен Аркадиј Ротенберг и компанијата Роснефт преку Европскиот суд побараа укинување на санкциите кои ги воведе Европската унија, пишува Financial Times.
Како што забележува изданието, Роснефт се обрати во Европскиот суд на 9 октомври. Компанијата во својата тужба бара укинување на решението на Европскиот совет, кој на 31 јули 2014 година воведе санкции против рускиот нафтен сектор .
Аркадиј Ротенберг се обрати во судот на 10 октомври. Бизнисменот го оспори решението на ЕУ, кое предвидува замрзнување на активите и визни ограничиувања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.