Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу е вознемирен поради изјавата на шефот на Пентагон, Чак Хејгел за неопходноста од подготовка на американската армија „за да се судри со современите“ руски вооружени сили „на прагот на НАТО“, пренесува РИА Новости.
„Ние со американскиот министер за одбрана лично се знаеме. Затоа неговите зборови на годишната конференција на армијата на САД, на која руските Вооружени сили беа маркирани како воен противник, најмеко кажано - нѐ изненадија“, изјави шефот на Министерството за одбрана на Русија.
„Тоа сведочи за создаваните сценарија на Пентагон за операции близу нашите граници“, подвлече министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче