Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија нема да создава проблеми на европските партнери при испораката на гас во Европа, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„Ние не би сакале да се појават во есенско-зимскиот период било какви кризи. Можам да ви кажам сосема одговорно дека по наша вина во Европа нема да се појави никаква криза. Русија секогаш била одговорен испорачувач, имаме доста ресурси за да ги обезбедиме и сопствените, и растечките потреби во Европа и Азија“, изјави Путин на конференцијата за печатот после средбата со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче