Премиерот на Италија: Русија треба да се врати на меѓународната сцена како одлучувачки играч

Според него, ова мислење го делат многу европски лидери.

Русија треба да се врати на меѓународната сцена како одлучувачки играч – ваквото мислење го делат европските лидери кои одржаа работна средба со Владимир Путин и Петро Порошенко, изјави домаќинот на средбата, премиерот на Италија, Матео Ренци.

„Русија треба да се врати на меѓународната сцена како одлучувачки играч. Сите ние го делиме ставот дека нејзината улога е важна по многу прашања, како што е борбата против „Исламската држава“ и решавањето на другите регионални кризи“, изјави Ренци, а пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

Ренци истакна дека на средбата на лидерите е направен значаен напредок во дискусијата околу Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња