Пентагон: Министерот за одбрана на САД не ѝ се заканувал на Русија

Минситерот за одбра на Русија истакна дека зборовите на Хејгел зборуваат за тоа дека САД подготвуваат сценарио за воена операција блиску до границата на Русија.

Официјалниот претставник на Министерството за одбра на САД, Џон Кирби изјави дека зборовите на шефот на Пентагон, Чак Хејгел не содржат било каква закана против Русија, јавува РИА Новости.

Станува збор за изјавата која Хејгел ја даде на 15 октомври на годишната конференција на Асоцијацијата на армијата на САД. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу истакна дека зборовите на Хејгел укажуваат дека САД подготвува сценарио блиску до руските граници.

Одговарајќи на прашањето на новинарите за време на заедничкиот брифинг со портпаролката на Стејт департментот, Џенифер Саки, Кирби изјави дек а зборовите на министерот за одбрана не содржеле заканувачки коментари упатени кон друга земја.

На прашањето што значи неговиот израз „ревизионистичка Русија“, Кирби претпостави дека можеби ја има предвид намерата Русија „да се врати во славното доба на Советскиот Сојуз“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња