Министерот за енергетика на Русија, Александар Новак смета дека падот на цените на нафтата во светот е резултат на шпекулативни игри, пренесува РИА Новости.
„Кога овој шпекулативен фактор ќе заврши, тешко е да се каже“, забележа тој.
Според зборовите на Новак, постојат и објективни фактори кои негативно влијаат на вредноста на нафтата. „Тоа се побавните темпа на раст на економијата во споредба со претходните прогнози. Поради тоа се намали и побарувачката на нафта во светот“, појасни министерот.
Шефот на Министерството за енергетика најави дека во почетокот на оваа година вредноста на еден барел нафта била 120 долари, а во моментов таа падна до 83 долари. Средната годишна цена, судејќи според досегашниот тренд, ќе изнесува 100 долари за барел.
Повеќе околу темата:
Bank of America прогнозира рецесија во Русија
Падот на цените на нафтата ќе биде силен удар врз Русија и Иран
Цената на нафтата му се заканува на буџетот на Русија
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.