На украинската граница уште се забележува голем контингент војска и тешко вооружување на руската армија, соопшти претставник на НАТО, а пренесува пoрталот vz.ru.
Претставник на Алијансата изјави дека повлекувањето на руските трупи би било сфатено како „чекор во правилен правец“, кој НАТО е подготвен да го поздрави. „Меѓутоа, ние уште не сме забележале големо и значајно повлекување на трупите“, ги цитира „Дојче веле“ зборовите на офицерот.
„На границата со Украина уште се наоѓа огромна и добро опремена армија“, изјави тој. Според неговите зборови, не е повлечено ниту тешкото вооружување од пограничниот појас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.