Москва и Киев се договорија за испорака на гас во Украина за време на зимскиот период

Владимир Путин изјави дека е дојдено до договор за испорака на гас во Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Москва и Киев се договорија за испорака на гас во Украина во зимскиот период. Ова тој го изјави на конференцијата за печатот после самитот на АСЕМ во Милано.

„Ги усогласивме параметрите на договорот. Сега прашањето е во долгот“, изјави Путин. Тој забележа дека Русија не може дополнително да ризикува после наталожен долг од Украина од 4,5 милијарди долари за гас.

„Ја разбираме финансиската состојба на украинските партнери, гледаме дека имаат финансиски проблеми. Веќе му излеговме на Киев во пресрет и сметаме дека нашите европски партнери ќе ѝ помогнат на Украина да ги реши проблемите околу долгот“, забележа претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња