МНР на Унгарија: санкциите не ги донесоа посакуваните резултати

Сѐ повеќе европски земји ги чувствуваат негативните последици од санкциите против Русија.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто ја критикуваше европската политика кон Русија. Според неговото мислење, меѓу државите на Европската унија сѐ уште нема единствено мислење за потребата од овие мерки поради регулирање на конфликтот во Украина, а веќе донесените санкции не ги даваат посакуваните резултати, пишува The Financial Times.

„Санкциите не донесоа резултати како што очекувавме, не се забележува никаква деескалација на конфликтот. Во меѓувреме, сѐ повеќе страдаат државите во Централна Европа, притоа, губат сите пазари во Европа“. изјави министерот.

Економијата на Унгарија секојдневно губи околу 200.000 долари поради воведените санкции против Русија. Според зборовите на унгарскиот министер, „Русија е трет по големина економски партнер на Унгарија, и, за жал околу 12% од извозот на оваа земја оди во Русија и ЗНД“.

Освен унгарскиот политичар, негативни реакции кон санкциите имаат и премиерите на Чешка и Словачка, како и Полска и балтичките земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња