Москва е зачудена од недоследноста на Варшава, која не е подготвена на Украина бесплатно да ѝ испорачува јаглен, но не го одобрува рускиот пристап кон украинското прашање околу гасот, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.
„Во својство на илустрација на тие прашања сакам да се осврнам на вчерашното соопштение од Полска – колку остро реагираа нашите полски партнери кога сфатија дека Украинците фактички сакаат да добиваат полски јаглен бесплатно“, изјави Песков, а пренесува РИА Новости.
„Тие дури не го криеја шокот. Но сепак, тие сосема имаат разбирање за желбата на Украина да добива бесплатен гас“, истакна претставникот на Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче