Пратеник од италијанската партија „Северна лига“, Паоло Гримолди започна со собирање потписи во парламентот на Италија за основање на парламентарна група со име „Пријатели на Путин“, пренесува порталот vz.ru.
„Сметаме дека ќе има неколку стотини заинтересирани меѓу пратениците и сенаторите. Путин го почитуваат претставниците на најразлични политички сили, без разлика на дрдорењето на одредени партии околу санкциите против Русија, кои ние од „Северната лига“ ги сметаме за лудило“, изјави пратеникот, а пренесува РИА Новости, повикувајќи се на агенцијата “Ansa”.
„За време на последните неколку години почитта кон Путин, особено после дебаклот на администрацијата на Обама, стана уште поочигледна“, изјави италијанскиот пратеник. Тој ја образложи важноста од основање на оваа група во парламентот со потребата за продолжување на традиционалната соработка меѓу Русија и Италија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче