Русија издели повеќе од 19 милиони долари за борба со распространувањето на Еболата, се кажува во соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија.
„Руската Федерација ќе продолжи да посветува внимание на тековната здравствена криза во Западна Африка поради распространувањето на Еболата. Исто така, Русија ќе обезбеди финансиска и техничка помош за борба против треската“, се кажува во соопштението.
Како што се забележува во министерството за надворешни работи на Русија, од почетокот на „кризата, предизвикана од распространувањето на треската Ебола, Руската Федерација последователно ги зголемува напорите за овозможување практична финансиска помош за настраданите држави“.
„Во рамките на меѓународните напори за борба со болеста, предизвикана од вирусот Ебола, нашата држава планира изделување на средства во висина од 779,4 милиони рубљи“, подвлечено е во руското МНР.
Повеќе околу темата:
Русија создаде експериментална вакцина против Еболата
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче