Путин во Србија: Русија не тргува со пријателството

За време на престојот во Белград Путин изјави дека Русија останува со принципиеле став околу прашањето за Косово.

Претседателот на Русија, Владимир Путин денес допатува во престолнината на Србија, каде разговараше со раководството на земјата. Во Белград рускиот лидер учествуваше во свеченостите по повод 70-годинината од ослободување на Белград оа германско-нацистичките завојувачи, резултат на заедничката операција на советската и југословенската војска.

Путин за време на средбата со претседателот на Србија, Томислав Николиќ истакна дека ставот на Москва околу независноста на Косово не е променет, пренесува RT.

„Русија има принципиелен став, и тој став не е заснован само на нашето пријателство и блискост, туку и на меѓународното право и правда“, изјави Путин зборувајќи за Косово. „Тој став не може да се менува. Ние ја поддржуваме Србија и планираме и понатаму да ја поддржуваме. Русија не тргува со пријателствата“.

Рускиот лидер истакна дека трговско-економските односи меѓу Русија и Србија имаат наголна тенденција. Тој изрази надеж дека за време на престојот ќе најде дополнителни резерви за развој на соработката.

После завршетокот на средбата со српскиот претседател, на Владимир Путин му беше врачен Орденот на Републиката од прв степен за вонредни заслуги во развојот на пријателските односи меѓу Русија и Србија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња