Путин: светската заедница изгуби доверба кон САД после санкциите против Русија

Путин смета дека санкциите ја намалуваат довербата кон САД во целиот свет.

Претседателот на Русија, Владимир Путин сметам дека санкциите кои се воведени против Русија од САД негативно се рефлектирале врз довербата кон американската економија од страна на трети држави. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на интервју во српскиот весник „Политика“.

„Очигледно е дека намалувањето на заемната доверба не може да не изврши негативно влијание на меѓународната деловна клима насекаде во светот. Затоа и другите држави се замислуваат колку е разумно да ги доверуваат своите средства на американскиот банкарски систем...“, забележа рускиот претседател.

Претходно беше објавено дека Москва не ги смета за сериозни воведувањето услови за укинување на санкциите против Русија. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека „рестартирањето“ на односите меѓу двете земји е можно само после укинувањето на санкциите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња