Путин сака испорака на Фиат од Србија во Русија

Владимир Путин разговараше за испорака на автомобили од Србија со премиерот на државата, Александар Вучиќ.

Владимир Путин разговараше за испорака на автомобили од Србија со премиерот на државата, Александар Вучиќ, соопштува „Интерфакс“.

„Мило ми е за можноста во рамките на активностите поврзани со 70-годишнината од ослободување на Белград да разговараме за сите теми кои се најдоа на маса, вклучувајќи ја и можноста за испорака на Фиат автомобилите кои се произведуваат во Србија“, изјави Путин на средбата со шефот на владата на Србија.

„Земајќи ги предвид добрите односи со Италија и со компанијата Фиат, како и нашите добри и сојузнички односи со Србија, ми се чини дека би можеле да се договориме за определена квота за овие автомобили на рускиот пазар“, забележа претседателот на Русија. Тој додаде дека во првите шест месеци во 2014 година размената на стоки меѓу двете држави пораснала за 17%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња