Новата нискотарифна авиокомпанија на „Аерофлот“ – „Нискотарифен превозник“ ја отвори својата официјална интернет-страница budgetairline.ru.
Според информацијата која се наоѓа на интернет-страницата, превозникот планира да започне со летови чија минимална цена изнесува околу 1.200 денари.
„Нискотарифен превозник“ ќе извршува летови од Москва во Сургут, Перм, Екатеринбург, Уфа, Самара, Казањ, Волгоград, Белгород и Тјумењ.
Меѓународниот аеродром Шереметјево веќе му даде дозвола на превозникот да ги извршува своите летови од 28 февруари 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче