Министерот за надворешни работи на Русија не ја потврдува информацијата дека за време на средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери во Париз, наводно, се разговарало за размена на разузнавачки податоци поради борба со тероризмот, се соопштува на интернет-страницата на руското министерство за надворешни работи.
„Русија ќе продолжи да се бори со тероризмот, но нема да биде вовлечена во некакви ‘коалиции’ создавани надвор од Советот за Безбедност на ООН, со што се нарушува меѓународното право“, се кажува во соопштение на МНР на Русија.
Претходно Кери изјави дека САД и Русија се договориле да извршат размена на разузнавачки податоци околу дејствата на џихадистите од терористичката група „Исламска држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.