Министерството за надворешни работи на РФ е револтирано поради акциите на неонацистите во Украина

Во некои украински градови се одржаа неонацистички маршеви.

Москва е вознемирена поради ескалацијата на неонацистичкото расположение во Украина, а акциите кои во вторникот беа одржани во таа земја се оценети како кршење на фундаменталните принципи и норми на меѓународното право, изјави Константин Долгов, ополномоштен при МНР на Русија за човекови права, демократија и владеење на правото, пренесува РИА Новости.

Во многу украински градови на 14 октомври беа организирани маршеви по повод годишнината од формирањето на „Украинската востаничка армија“ (која се борела на страната на нацистичка Германија).

„Сметаме дека е цинично и недопустливо да се навредуваат сеќавањата на милиони претставници на народите на СССР кои го дадоа својот живот за ослободување на светот од мракот на нацизмот“, додаде Долгов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња