Армијата на САД треба да биде подготвена за средба со руската армија, која веќе стои на прагот на НАТО, изјави министерот за одбрана на САД; Чак Хејгел, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Армијата на САД ќе мора да исполни разновидни и сложени задачи. Терористите и бунтовниците уште долго ќе претставуваат опасност за нас, но ние исто така мораме да се соочиме со ревизионистичката Русија, со нејзината современа и убиствена армија која стои на прагот на НАТО“, изјави Хејгел.
„Сѐ повеќе се шири 'мирисот' на хибридната војна, војна во која нашите противници применуваат тактика на бунтовници, користејќи притоа добро опремени вооружени сили и технологија“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче