Падот на цените на нафтата во светот ќе се одрази на Русија и Иран дури посилно од санкциите кои ги воведе Западот, пишува The Los Angeles Times. Како што забележува изданието, делумно тоа може да се објасни со производството на нафта од шкрилци во САД. Што се однесува до Русија и Иран, нивните економии се извозно ориентирани, пишува весникот.
Од јуни цените на нафтата на светските пазари паднаа за речиси 20%, со што се засилува политичкиот и економскиот притисок врз Москва, против која се воведени санкции поради приклучувањето на Крим и „дејствата“ на истокот на Украина, се кажува во статијата.
Оваа ситуација е удар и за Техеран, бидејќи иранскиот претседател Хасан Рухани вети дека ќе ја поправи ситуацијата во веќе стагнирачката иранска економија, забележува весникот. Освен тоа, падот на цената на нафтата ги ослабува позициите на Иран во преговорите околу нуклеарната програма.
Според мислењето на некои аналитичари, намалувањето на цените може да биде долгорочен тренд, бидејќи во светот сите активно применуваат технологии кои бараат помалку бензин, на пример, електромобилите.
The Times пишува дека Саудиска Арабија веќе не е најголем произведувач на нафта во светот, но таа уште е во состојба да ги „раздрма“ Вашингтон и Москва. Како што пренесува Ел Ријад, Саудиска Арабија нема да го попречува падот на цените на нафтата.
Ако вредноста на нафтата достигне 80 до 85 долари за барел, тогаш може да се засилат последиците од санкциите против Москва, пренесува „Руската служба на Би-би-си“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче