Авиобаза со авионите-ловци Су-27 ќе биде создадена во Белорусија за две години, изјави командантот на Воздушните сили на Русија, Виктор Бондарев, пренесува РИА Новости.
„Авиобазата на руските Воздушни сили во Белорусија ќе биде создадена во 2016 година. Таму ќе се наоѓаат ловците Су-27“, изјави Бондарев, забележувајќи дека руските авиони ќе бидат лоцирани во Бобрујск во рамките на воениот аеродром кој веќе се реконструира.
Бондарев соопшти дека неколку ловци МиГ-31 од 2017 година ќе бидат сместени на арктичкиот аеродром Тикси. „Следната година ќе започне реконструкцијата на аеродромот Тикси. Во 2017 година таму ќе бидат дислоцирани неколку авиони МиГ-31“, изјави Бондарев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче