Русите се изјаснија кои руски класици најмногу ги читаат

Половина од Русите не прочитале ниту една книга од руските писатели во 19 век после завршувањето на образованието.

Серускиот центар за изучување на јавното мислење (ВЦИОМ) објави податоци од анкетата за тоа кои од руските писатели Русите најмногу ги читале после завршувањето на училиштето.

Најчесто Русите го читаат Пушкин (13%) и Толстој (13%). Притоа, во претходните пет години ситуацијата практично и не се променила (14% и 11% во 2009 година). Книгите на Достоевски го привлекле вниманието на 7% од испитаниците. Книгите на Лермонтов ги сакаат 6% од анкетираните.

Половина од анкетираните (53%) признале дека не прочитале повторно ниту една книга од руската класична литература после завршувањето на училиштето. Пред пет години овој број изнесувал 62%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња