Путин е подготвен да ги намали буџетските трошоци поради падот на цената на нафтата

И покрај падот на цените на нафтата, рускиот буџет засега е балансиран.

Рускиот претседател Владимир Путин не исклучува намалување на буџетските трошоци поради падот на цената на нафтата, пренесува ИТАР-ТАСС.

Ова тој го изјави на Советот за правата на човекот. „Знаете дека сега и цената на нафтата паѓа, како и цените на некои други традиционални стоки. Затоа треба да ја разгледаме опцијата за намалување на буџетските трошоци“, појасни Путин.

Според неговите зборови, „буџетот ‘не пука од страните’. Тој е сосема балансиран и реалистичен“, изјави претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња