МНР на Русија ги осудува обидите да се разрушат економиите на Русија и ЕУ

Според министерот за надворешни работи на Русија, ЕУ самата треба да работи на укинување на санкциите против Русија.

Обидите да се разрушат економиите на Русија и ЕУ не помагаат на успешниот развој на светскиот бизнис, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости“.

Министерот смета дека „важно е да се објасни недопустливоста на играњето со економијата. Таа не трпи такви игри“, забележа Лавров.

Освен тоа, Москва нема да разговара за критериумите за симнување на санкциите, бидејќи тоа е работа на Западот, подвлече министерот.

„Се разбира самото по себе – ние нема да зборуваме за никакви критериуми за укинување на санкциите: кој ги вовел – тој нека ги повлече“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња