Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Украина практично е пред банкрот, но сепак, Русија сака таа да биде платежно способна држава со која може да се градат односи, пренесува ИТАР-ТАСС:
„Украина е банкрот. Украина е држава која се наоѓа на работа на финансиски колапс. Таа не ги исполнува своите финансиски обврски, не плаќа за гас“, изјави Медведев во интервју за каналот CNBC. „Ние би сакале Украина да стане нормална, современа и платежно способна држава со која може да градиме односи“.
Како една од причините за ситуацијата Медведев ја наведе неефективната економска политика на претходното раководство на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче