Медиуми: Русија предложи да се изгради гасовод од Сахалин до Јапонија

Нема официјална потврда за оваа информација.

Руската влада ѝ предложи на Јапонија да изгради гасовод од Сахалин до градот Ваканај на островот Хокаидо, и од таму до другите територии на државата, пишува vz.ru повикувајќи се на весникот „Никеј“.

„Владата на Русија, како што е познато, ѝ предложи на јапонската страна изградба на гасовод кој би ги поврзал Сахалин со островот Хокаидо. Во случај на реализација на проектот тоа ќе биде првиот гасовод кој ја поврзува Јапонија со некоја друга држава“, пишува весникот.

Официјално оваа информација не е потврдена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња