Официјален Тбилиси во средата ја осуди намерата на Русија и Апхазија да потпишат „Договор за сојузништво и интеграција“, пренесува порталот vz.ru.
МНР на Грузија изјави дека овие предлози на Русија ги „нарушуваат фундаменталните принципи на меѓународното право“ и дека „нанесуваат сериозна опасност на процесот на нормализација на односите меѓу Русија и Грузија“.
МНР на Грузија ја повика Русија да се откаже од плановите да го потпише документот, бидејќи во спротивно Тбилиси ќе го смета тоа за „анексија“ на Апхазија. Тбилиси, исто така, ги повика меѓународните организации да реагираат на плановите на Москва и Сухуми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче