Началникот на одделот за регионална безбедност и борба со корупцијата во Москва, Алексеј Мајоров, изјави дека бројот на странци и лица без државјанство кои се наоѓаат на официјалната листа на емигранти во градот од почетокот на годината речиси за 50% ги надминува показателите на истиот период минатата година, иако не станува збор за зголемување на вкупниот број емигранти, пренесува „Интерфакс“.
„Оваа година нагло порасна бројот на граѓани кои решија да ‘излезат од сивата економија’ и да се регистрираат. Ние немаме повеќе емигранти, туку, едноставно, има повеќе лица кои го легализираат својот престој во градот“, појасни Мајоров.
Од почетокот на годината бројот на странски граѓани (регистрирани) кои работат во рускиот главен град изнесува 2 милион и 186 илјади лица, што е за 49,9% повеќе од истиот период минатата година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче