„Роснефт“ ќе се обиде да ги оспори санкциите на Западот во судовите во Европа, пишува The Wall Street Journal.
За да започне консултации околу оспорувањето на санкциите, „Ронефт“ ја ангажираше лондонската компанија Zaiwalla & Co.
Оваа компанија ја претставуваше на суд иранската банка Mellat, врз која во 2009 година беа воведени санкции поради сомневање за финансирање на иранската нуклеарна програма.
Според податоците на изданието, лондонската компанија исто така може да ги претставува на суд интересите на „Роснефт“.
Претходно беше објавено дека „Роснефт“ понудила тендер во вредност од 28 милиони долари за извршување правни услуги околу оспорувањето на економските санкции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче