Москва смета на понатамошно зацврстување на стратешките врски со Пекинг, бидејќи сака да се спротивстави на санкциите на Западот, пишува The Wall Street Journal.
Претходно беше соопштено дека руската и кинеската делегација потпишаа 38 договори во рамките на 19-та регуларна средба на шефовите на владите на Русија и Кина, вклучувајќи и договор за соработка во сферата на испораките на природен гас во Кина по источната маршрута, договор за понатамошно продлабочување на соработката меѓу „Роснефт“ и Кинеската нафтена корпорација, договор за валутни размени меѓу руската Централна банка и Народната банка на Кина, договор меѓу Московската берза и Банката на Кина, како и неколку рамковни договори за отворање на кредитни линии меѓу руски и кинески банки.
На фонот на постојаниот антагонизам меѓу Западот и Украина, руските чиновници сѐ почесто гледаат кон Кина како кон алтернативен извор на финансии и бизнис, пишува американското издание. „Изолираната“ Русија ќе потпише финансиски и деловни договори со Кина, додаде весникот.
Forbes, пак, додава дека „новата омилена валута“ на Москва станал кинескиот јуан. Русија се стреми да ги замени доларот и еврото со јуанот, која се очекува да стане глобална валута и да конкурира со јапонскиот јен, се забележува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче