Русија се надева на учество во изградбата на седмиот и осмиот блок од Тјанванската нуклеарна централа во Кина, соопшти во понеделникот Анатолиј Јановски, заменик министер за енергетика на Русија.
„Сметаме дека нашите кинески колеги ќе нѐ поканат за реализација на проектот за изградба на 7 и 8 блок“, изјави тој.
Тјанванската нуклеарна централа е изградена според посовремен руски проект, и според повеќето експерти - тоа е една од најбезбедните нуклеарни централи во светот. Првиот и вториот реактор во станицата беа пуштени во работа во 2007 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче