Рускиот претседател Владимир Путин смета дека вкупниот обем на трговија меѓу Русија и Кина во 2015 година ќе изнесува 100 милијарди долари, пренесува коресподент на „Газета.ру“.
„Перспективите кои ги назначивме со нашиот пријател, претседателот на Кин - се 100 милијарди долари трговски обрт. Следната година тоа сигурно ќе го постигнеме“, изјави претседателот на средбата со премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Кецјан.
Според неговите зборови, растот на трговијата ќе се случи како резултат на исполнувањето на претходно склучените договори. „Пред нас ставаме големи, но целосно реални цели. Безусловно, тоа ќе биде полезно за нашите народи - граѓаните на Кина и Русија“. изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче