Путин: Меѓународната заедница лицемерно ги премолчува злосторствата во Украина

Во ситуацијата во Украина најголема трагедија е отуѓувањето на украинскиот и рускиот народ, смета Путин.

Случувањата во Украина ја покажаа вистинската големина на кризата во која се наоѓа меѓународното право. Многу меѓународни борци за човекови права лицемерно ги премолчуваат злосторствата кои се случуваат во таа земја врз цивилите, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, а пренесува РИА „Новости“.

„Ние сме сведоци на двојни стандарди во оценката на злочините против цивилите на југоистокот на Украина и кршење на основните човекови права за живот и лична неприкосновеност. Таму луѓето се изложени на мачења, брутално и понижувачко казнување, дискриминација и незаконски одлуки“, нагласи претседателот на Русија.

Во ситуацијата во Украина најголема трагедија е отуѓувањето на украинскиот и рускиот народ, смета Путин.

„Треба да се бара патот кој ќе помогне да се реши оваа ситуација, и тоа, секако, треба да се прави заедно со украинските власти“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња