МНР на Русија се надева на разумна позиција од ЕУ околу „Јужен тек“

Лавров додаде дека Москва е подготвена да разговара за создавање на зони за слободна трговија со Европската унија.

Русија се надева дека Европската комисија разумно ќе го реши проблемот околу реализацијата на проектот „Јужен тек“, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров за време на средбата со претставниците на Асоцијацијата на европскиот бизнис, пренесува РИА „Новости“.

„Сметаме дека Европската комисија ќе се откаже од политички ангажираните дејства околу гасоводот и ќе ги земе предвид интересите на населението и бизнисот на ЕУ државите“, изјави Лавров.

Лавров додаде дека Москва е подготвена да разговара за создавање на зони за слободна трговија со Европската унија.

„Остануваме отворени за соработка со другите држави, со другите регионални организации и подготвени сме да разговараме за перспективите за создавање зони за слободна трговија со Европската унија, подготвени сме за реализација на моделите за интеграција“, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња