Западни медиуми: Источна Европа „тивко се врти“ кон Москва

Источна Европа покажува знаци на отпор кон курсот на Западот.

Некои држави во Источна Европа „тивко се светуваат“ кон Москва, пишува The Washington Post. Како пример изданието ја наведува Унгарија. Таа е член на НАТО, но неодамна нејзиниот премиер Виктор Орбан изјави дека за него современа Русија е „политички модел кој треба да се следи“, се кажува во статијата.

Од друга страна, премиерот на Словачка, Роберт Фицо го спореди можното разместување на НАТО војските во државата со инвазијата на советските војски во Чехословачка во 1968 година, забележува изданието. Друг пример е и Чешка, каде министерот за одбрана излезе со слична споредба. На крај, весникот пишува за Србија, која го покани претседателот на Русија, Владимир Путин на воената парада во Белград. Парадата е посветена на 70-годишнината од ослободувањето на градот со помош на Црвената Армија.

Понатаму следува Полска, која неодамна активно ги поддржуваше позициите на НАТО и ЕУ околу Украина. Новиот полски премиер Ева Копац му нареди на својот нов министер за надворешни работи „веднаш да ја разгледа својата политика кон Русија“, додаде весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња