Споменик посветен на царот Николај II се појави во Белград

Србија со овој споменик го посветува на помошта која рускиот цар ја дал на земјата во Првата светска војна.

Споменик посветен на рускиот цар Николај II Романов е поставен во центарот на Белград, пренесува кореспондент на РИА Новости.

Споменикот се наоѓа во паркот наспроти градската општина, недалеку од Рускиот центар за наука и култура. Споменикот е поставен на постамент со помош на кран, а територијата околу него е оградена.

Според информацијата на агенцијата, свеченото отворање се планира во ноември со присуство на официјални лица од Русија и Србија.

Височината на споменикот (со постаментот) е 7,5 метри и тежи повеќе од 40 тони.

Србија со поставувањето на овој споменик сака да се оддолжи на Николај II за помошта која ја пружил на државата во Првата светска војна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња