Словачка ќе склучи договор со Русија за испорака на нафта до 2029 година

Словачка создава долгорочен договор за испорака на нафта.

Словачка кон крајот на октомври ќе потпише договор за испорака на нафта од Русија до 2029 година, соопшти Мириам Зјакова, претставничка од словачкото министерство за економија.

„Ние составуваме нов договор. Сметаме дека ќе може да се претстави пред владата до крајот на месецот“, изјави Зјакова за агенцијата Франс Прес. Таа забележа дека Братислата ѝ дава на зделката „стратешки приоритет“.

Се претпоставува дека договорот за купување нафта до 2029 година ќе предвидува купување до шест милиони тони нафта секоја година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња