Кина покажува интерес за заедничко производство со Русија на обновената варијанта на патничкиот авион Ил-114, соопшти Дмитриј Рогозин за новинарите во понеделникот.
„Размислуваме овој авион да го обновиме врз основа на нова технолошка платформа. И на Кинезите, патем, им е потребен овој авион“, изјави Рогозин, одговарајќи на прашањето за перспективните проекти меѓу двете држави.
Според неговите зборови, овој авион може да биде се користи како за цивилни, така и за воени потреби.
„Кинеската страна не негира - интерес постои“, подвлече заменикот на владата.
Авионот Ил-114 е создаден од конструкторското биро Илјушин кон крајот на 1980-те години за користење на регионалните воздушни линии во СССР. Според податоците од отворени извори, изградени се вкупно 20 вакви авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче