Од јануари до јуни Русија била најпопуларна кај туристите од Кина

Минатата година дури 1 милион Кинези ја посетиле Русија.

Во периодот од јануари до јули 2014 година Русија имала најголема популарност кај Кинезите, соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соработник во владата на Русија.

„Според податоците од 2013 година, бројот на граѓани кои ја посетиле Русија надминал 1 милион лица. Минатата година Кина го зазеде второто место според бројот на туристи во Русија“, изјави тој пред средбата на шефовите на Русија и Кина, Дмитриј Медведев и Ли Кецјан во Москва.

Според неговите зборови, во јуни 2014 година туристите од Кина го зазеле првото место – повеќе од 500.000 ја посетиле Русија за половина година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.