Министерство за економија на РФ: повеќето санкции против Русија тешко дека ќе бидат продолжени

Министерот за економија не верува дека санкциите ќе бидат долготрајни.

Повеќето санкции против Русија се воведени на одреден временски рок и не постои голема можност дека истите ќе бидат продолжени, изјави за новинарите министерот за економија на Русија, Алексеј Уљукаев.

„Повеќето од тие санкции имаат кратковремен карактер, воведени се за период не поголем од една година, а можеби и помалку. Сметам дека нема да се продолжат истите“, изјави Уљукаев.

САД и ЕУ од пролетта постепено воведуваат санкции против руските политичари, бизнисмени и компании поради конфликтот во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња