Медиуми: Специјалните служби на Западот сакаат нова војна меѓу Русија и Грузија

Според зборовите на Каха Таргамадзе, Западот „сака да ја опкружи Русија со конфликтни жаришта“.

Поранешниот министер за внатрешни работи на Грузија, Каха Таргамадзе изјави дека специјалните служби на Западот планираат да предизвикаат нова војна меѓу Русија и Грузија. Тој смета дека за неговата земја би било погубно доколку Русија изгуби контрола над Северен Кавказ, јавува порталот vz.ru.

Според неговите зборови, таквиот развој на случувањата не е во план на сегашното раководство во Тбилиси, но западните специјални служби можат да испровоцираат таква реакција со помош на партијата на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили „Единствено национално движење“ и радикалните младински НВО.

„Специјалните служби на Западот ќе се потрудат со нивна помош на предизвикаат преврат во Грузија. После тоа Западот планира да предизвика голема кавкаска војна. Западните специјални служби сакаат од сите страни да ја опкружат Русија со конфликтни жаришта“, изјави Каха Таргамадзе.

Тој ги повика властите на Грузија да ја забранат партијата на Саакашвили, да ги уапсат членовите на фашистичките организации и да пружат поддршка на премиерот Ираклиј Гарибашвили.

„Украина веќе е претворена во полигон против Русија, а сега се подготвуваат провокации во Грузија“, изјави поранешниот министер за внатрешни работи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња