Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека кризата во Украина сериозно ја потресе меѓународната ситуација, соопштува РИА „Новости“, повикувајќи се на интервју на министерот во спосанието MGIMO Journal.
Шефот на МНР на Русија забележа дека влијанието на кризата ќе се чувствува уште долго време.
„Украинската криза сериозно ја потресе меѓународната ситуација, а нејзината криза ќе се чувствува уште долго. Денес е тешко да се предвиди како ќе се одвиваат состојбите во светот, но може да бидеме уверени дека иднината ќе ни донесе доста изненадувања“, изјави министерот.
Според неговите зборови, ова што се случува во Украина „не е појава на нови тенденции, туку кулминација на курсот кој го зазедоа западните партнери кон Русија пред многу години“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче