Русија и Кина не треба да ја ограничуваат соработката само во енергетската сфера, туку треба да продолжат со проширување на соработката и во другите билатерални сфери, изјави премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Кецјан во интервју за каналот „Русија 24“.
„Сметам дека нашата соработка не треба да се ограничува само со извоз на нафта и гас од Русија во Кина. Треба да ги прошириме сите спектари на нашата соработка“, изјави Ли Кецјан.
Тој забележа дека Кина и Русија се најголеми соседи кои треба да ги искористат огромните можности од нивните капацитети.
„Јасно е дека Русија има најголеми енергетски ресурси во светот. Што се однесува до Кина, земајќи ја предвид бројноста на нашето население, ние веќе имаме огромна побарувачка на енергија. Но, освен тоа, сметаме дека нашата соработка не треба да се ограничува само на енергијата. На пример, за осум месеци од оваа година рускиот извоз на машини во Кина порасна за двапати во споредба со истиот период минатата година“, додаде тој.
Претседателот на владата на Русија и премиерот на Државниот совет на Кина се сретнаа во Москва и разговараа за клучните прашања од руско-кинеската соработка во рамките на 19-та регуларна средба на шефовите на владите на двете страни. Посетата на Ли Кецјан во Москва ќе трае три дена - од 12 до 14 октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче