Заменикот советник за национална безбедност на САД, Тони Блинкен изјави дек апреговорите за укинување на санкциите кон Русија, воведени поради кризата во Украина, можат да започнат во следните неколку недели, пренесува Ројтерс.
„Се надеваме дека во текот на следните неколку недели ќе започне исполнувањето на условите од договорот. Ако тоа се случи, тогаш би можеле да започнеме разговори за укинување на санкциите“, изјави тој.
Притоа, тој подвлече дека САД можат да воведат дополнителни санкции доколку не биде забележан прогрес во реализирањето на договорите.
„Неопходно е руските војници и техника да ја напуштат Украина. Исто така, владата на Украина треба да ја востанови контролата врз границата“, подвлече Блинкен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче