Министерството за финансии на Русија се надева дека мерките кои се донесени од ММФ и Светската банка за поддршка на економијата на Украина ќе ѝ дозволат на земјата да ги исплати своите долгови кон Русија, соопшти министерот за финансии, Антон Силуанов.
„Гледаме дека економијата на Украина не е во најдобра состојба, па затоа се надеваме дека овие мерки, донесени од Меѓународниот монетарен фонд и Свеската банка за реализација на програмите за реформи и поддршка на Украина, ќе дадат резултати, и Украина ќе може да го исплати долгот пред Русија и другите инвеститори кои купуваа украински акции“, изјави Силуанов за телевизискиот канал „Русија 24“.
ММФ одобри на Украина 17 милијарди долари за стабилизација на буџетот во услови на политичка и економска криза. Првата транша од 3,2 милијарди долари Киев ја доби во мај, а втората со големина од 1,4 милијарди долари – во почетокот на септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче