Русија ќе учествува во реконструкцијата на секторот Газа

Руската страна активно ќе учествува во реконструкцијата на палестинскиот сектор Газа.

Руската страна активно ќе учествува во реконструкцијата на палестинскиот сектор Газа. Како што соопштува РИА „Новости“, ова го изјави Михаил Богданов, заменик шеф на МНР на Русија и специјален претставник на Владимир Путин за Блискиот Исток.

 „Задача на светската заедница и Русија е активно да се учествува, максимално брзо и ефективно да им се помогне на Палестинците во реконструкцијата на секторот Газа“, изјави Богданов во Каиро.

Во Египет на 12 октомври започна конференција за реконструкција на секторот Газа, кој беше разрушен за време на вооружениот конфликт со Израел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња