Германската канцеларка Ангела Меркел се надева на посредништвото на Кина во преговорите со Русија, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, шефот на Државниот совет на Кина, Ли Кецјан веќе допатувал во Берлин заедно со своите министри.
Во последните години Германија и Кина претпочитаа да ги развиваат исклучително економските односи, па затоа критика од страна на германската влада поради ситуацијата со правата на човекот во Кина можеше да се слушне само во приватни разговори, подвлекува весникот.
Изданието посветува внимание на тоа дека Меркел се надева на помошта на Кина во преговорите со претседателот на Русија, Владимир Путин. Ова е необичен чекор за Берлин, кој, по правило, се обидува да избегне индиректна дипломатија, се кажува во весникот. Следна цел во европската тура на Државниот совет на Кина е Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче