Кремљ секогаш има два варијанта одговори за западните санкции, пишува The Financial times. Прво – Москва може да започне дипломатски преговори за иднината на Украина, второ – може да ја зачува својата сегашна политика околу прашањето, се кажува во статија на изданието. Во овој момент Русија оди по вториот пат, што е лошо и може да доведе до последици во иднина, забележува весникот.
Како што подвлекува изданието, санкциите го заострија наглото намалување на инвестициите во економскиот раст на државата, кое беше забележано уште пред приклучувањето на Крим кон Русија. Сега тоа станува забележливо, пишува весникот.
Во статијата, исто така, се пишува за апсењето на рускиот бизнисмен Владимир Евтушенков, поради што „ниту еден човек не се чувствува безбедно“. Многу претприемачи веќе ги пренесуваат своите пари во странство: одливот на капитал, според прогнозите, годинава ќе изнесува рекордни 120 милијарди долари, забележува весникот.
На фонот на економските тешкотии на Русија, дополнително е отежната ситуацијата поради односите со Западот, пред сѐ со САД, при што се напомнува дека односите меѓу двете држави не биле на такво ниско ниво уште од времето на „студената војна“, се подвлекува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче