Русија е подготвена за шест месеци да претстави вакцина за борба со Ебола

Русија подготвува вакцина против Ебола.

Руските вирусолози планираат во рок од половина година да претстават вакцина за борба со Ебола, изјави шефот на Министерството за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

„Сега создаваме три вакцини. Една од нив веќе ги помина клиничките испитувања. Едната се прави од неактивен примерок на вирусот, а другите две се подготвуваат со генетски инженеринг од страна на водечките институти за вирусологија. Истите ќе бидат подготвени, според нас, за околу шест месеци“, изјави Скворцова

Освен ова, според Скворцова, Русија започна со создавање на специјални препарати основани на моноколонални антитела, кои ќе бидат искористени за профилактика и лечење на Ебола.

Според досегашните информации, досега се регистрирани единечни случаи на појава на Ебола во Европа и САД: 

Повеќе околу темата: 

Русија создаде експериментална вакцина против Ебола

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.