Кинеските директни инвестиции во Русија се зголемија за 73%

Инвестициите од Кина во Русија растат.

Директните кинески инвестиции во руската економија се зголемија за 73% во последниве осум месеци во споредба со истиот период минатата година, изјави заменикот претседател на Државниот совет на Кина, Ван Јан.

 „Според податоците од минатата година, директните инвестиции од Кина во Русија изнесуваат 4 милијарди долари, што е зголемување за шест пати во споредба со претходната година, а во последниве осум месеци се зголемени за дополнителни 73%“, забележа Ван Јан.

Според неговите зборови, редица проекти во сферата на изградбата на авиони, погранични мостови и брзински пруги веќе се остваруваат меѓу двете држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња